Конференција на ЦИВИЛ: Слободни избори на 11 декември?

ЦИВИЛ – Центар за слобода организира Конференција „Слободни избори 2016“ на 22 ноември (вторник), во хотел Континентал, со почеток во 12 часот.

Како учесници на конференцијата се поканети лидерите или високите претставници на политичките партии, односно коалициите кои ќе учествуваат на претстојните предвремени парламентарни избори и членови на експертскиот тим на ЦИВИЛ.

Конференцијата ќе ја отвори Н.Е. Амбасадорката на Сојузна Република Германија д-р Кристине Д. Алтхаузер.

На конференцијата се поканети заинтересирани граѓанки и граѓани, претставници на граѓанското општество и медиумите.

free-elections-conf-logo-copy

Конференцијата „Слободни избори 2016“ ќе овозможи дебата меѓу политичките партии и експертската јавност за основните предизвици во изборниот процес. На почетокот се предвидува претставник на ЦИВИЛ да го претстави најновиот извештај од изборниот мониторинг. По презентацијата на ЦИВИЛ, експертите Александар Новакоски, Сандра Гавриловска и Сашо Орданоски ќе ги изнесат своите согледувања за основните предизвици и ќе предложат итни решенија со кои ќе се обезбедат услови за слободни избори на 11 декември. По настапот на експертите, претставниците на политичките партии ќе имаат можност да споделат ставови и искуства за оваа тема. Во вториот дел од конференцијата, следи сесија за прашања и коментари.


 

Најавата за присуство треба да се испрати на [email protected], на http://www.slobodniizbori.info/prijava или тел. 02/5209176.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian