Руфи Османи: Да се создаде техничка влада и да се организираат нови избори

Овие избори беа врв на негативното организирање и злоупотреба на сите институционални ресурси од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Невидениот притисок врз институциите, притисокот врз бизнисот, многубројните закани кон граѓаните, масовното купување гласови од граѓаните, се само дел од манипулациите кои ги направија партиите на власт.

Вака денеска се изјасни за Цивил Медиа Руфи Османи, доскорешен претседател на Националната демократска преродба (НДП).

DSCN3723

„Ова беа најнеправилните избори организирани до сега во Македонија. Гледајќи од овој агол, јас и НДП овие избори ги оценуваме како нелегални и нелегитимни. Резултатот од изборите се знаеше пред денот на одржувањето на изборите. Ова е врв на кршење на демократијата и газење на слободната воља на граѓаните. Исто така, негативно влијание имаа националните медиуми, кои извршија перење на мозокот. Мое мислење е дека ова треба да се анулира преку создавање техничка влада и организирање нови избори, каде што сите субјекти ќе бидат еднакви во конкурирањето и каде ќе им се овозможи на граѓаните да го изразат своето убедување на правилен и слободен начин“, рече Османи.

Руфи Османи ни одговори дека дал оставка од позицијата претседател на НДП од објективни причини, откако како претседател не успеал партијата која ја водел да ја подигне на повисоко ниво.

Арбана Ќерими

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish