Караванот на слободата ги размрда и кавадарчани

Караванот на слободата го одржа третиот голем мултимедијален настан во Кавадарци на 19 август. Тричасовниот концерт го отворија ПМГ Колектив, по нив  настапија домаќините Смоук шејкерс, по што следуваа настапите на виртуозите од Шутка рома рап, а концертот заврши со акустичен настап на Бени и Нон Стоп.

beni kav

Покрај музичарите, на големата сцена настапија актери и поети, а во текот на целиот настан се одвиваше и ликовната работилница и изложба „Слобода во боја“.

donacii

Караванот продолжи и со хуманитарната акција за помош на настраданите од поплавите во Скопје. Пред сцената беше поставен хуманитарниот штанд, на кој кавадарчани имаа можност да донираат помош за поплавените.

IMG_6613

На дебатата „Македонија: со или без слобода“ учествуваа адвокатот Жарко Стеваноски од Прилеп, режисерката и активистка Ирена Стеријовска од Скопје, Душко Груевски од здружението на граѓани „За нас се работи“ од Битола и граѓанскиот активист Ненад Јовановиќ од Кавадарци. Дебатата ја водеше Марија Теговска, политиколог и истражувач на ЦИВИЛ. Покрај панелистите, во дискусијата учествуваше и публиката, со прашања и сугестии за состојбите со човековите права и слободи во земјата.

shutka roma rap

По дебатата во малиот амфитеатар на плоштадот, настанот се пресели на големата сцена. На неа, освен музичкиот дел, настапија актерите Милан Секулоски и Марин Бабиќ, и поетесите Оливера Доцевска, Цветанка Колева и Биљана Јордановска.

shuki

Во текот целиот хепенинг активна беше и уметничката работилница „Слобода во боја“, која ја водеше академскиот сликар Мирослав Стојановиќ, а на која учествуваа и многу деца и млади од овој град.

smoke shakers

Хепенингот во Кавадарци е третиот од вкупно девет мултимедијални настани кои Караванот на слободата ќе ги одржи во седум општини низ земјата. Целта на Караванот кој ќе посети преку триесет општини е преку влијанието на уметноста да се разбуди граѓанската свест и да се поттикне граѓанското учество во процесот на донесување на одлуки на локално и национално ниво.

 

Print Friendly, PDF & Email