Излезот е возможен, стравот мора да исчезне!

На јавната дискусија на тема „Како до слободни избори: Искуствата на Хрватска и Македонија во компаративна перспектива“ што ЦИВИЛ - Центар за слобода ја организираше во ГЕМ Клубот во Скопје, на 31 август 2015, воведничари беа Драган Зелиќ од познатата граѓанска организација ГОНГ од Хрватска, неговата сонародничка Александра Јозиќ-Илековиќ, актуелна советничка на хрватскиот министер за управа и потпретседателка на Државната изборна комисија во изиминатите осум години, како и професорот на Правниот факултет во Скопје, д-р Љубомир Фрчкоски. На дискусијата присуствуваа повеќе претставници на меѓународната заедница (дипломати и странски организации), на граѓанското општество, на експертската јавност, медиуми и други. 

Панелисти (од лево на десно): Драган Зелиќ, Александра Јозиќ-Илековиќ и проф. Љубомир Фрчкоски

Оваа јавна дискусија е дел до проектот „Моето гласачко право“, чија цел е јакнење на јавната свест, едукација и мобилизација на граѓан(к)ите за подобрување на изборните процеси во Република Македонија, засновани на демократски стандарди наспроти изборните нерегуларности.

Целта на конкретниот настан со мотото „Влезот е слободен, излезот е возможен“ беше потрага по решенија за големите проблеми кои ги придружуваат изборните процеси во Република Македонија, и тоа е само една активност од серијата настани кои летово ги организираше ЦИВИЛ – Центар за слобода низ Македонија.

И утре (вторник, 1 септември), ЦИВИЛ – Центар за слобода во скопскиот хотел City Park, организира затворен тематски состанок „СЛОБОДНИ ИЗБОРИ ЗА СЛОБОДНИ ГРАЃАН[К]И: Иднината на Македонија“, на кој ќе присуствуваат претставници од политичките партии, на граѓанското општество и на меѓународната заедница на која ќе се дебатира за начините за надминување политичката криза и за обезбедување услови за слободни избори во 2016 година. По состанокот, ЦИВИЛ ќе излезе со изјави за медиумите и јавноста во 12:30 часот во истиот хотел, а во тој термин за јавноста ќе бидат достапни и другите учесници на состанокот.

Print Friendly, PDF & Email