Оставка! Денеска!

Договорот за надминување на политичката криза од 2 јуни/15 јули, во правна смисла, подразбира облигационен однос. Според тој договор, се подразбира дека учесниците се рамноправни, совесни и чесни.

Со оглед на досегашните проблеми и опструкции со кои се соочува имплементацијата на договорот за надминување на политичката криза, преговорите стануваат бесмислени и бесцелни. Опструкциите на преговорите се повеќе од очигледни, како што е блокирањето на изборот на тимот на Специјалната јавна обвинителка, промените во Изборниот законик, реформите во ДИК, медиумите и низа други горливи теми. Договорот се крши секојдневно и со агресивната кампања, со злоупотреба на моќта и коруптивните дејства на власта.

Доаѓаме 17052015

Преговорите не личеа на ништо и досега. Не помогнаа ни меѓународните дипломати и посредници кои деноноќно бдеат над судбината на процесот, ни експертизите и барањата на граѓанското општество. Преговорите, едноставно, пропаднаа поради лошата поставеност и уште полошиот однос на владејачките партии. ЦИВИЛ – Центар за слобода уште на почетокот инсистираше претставниците на власта, за кои постојат индиции за злоупотреби и криминал што произлегуваа од прислушуваните разговори, да не бидат дел од преговорите.

Затоа, единствено логично е преговорите да се прекинат и да се побара оставка од целата Влада, бидејќи преговорите, како што се водеа до сега, станаа средство за продолжување на животот на една инкриминирана група која ја киднапира државата и организира нелегитимни избори.

Со пропаѓање на преговорите, единствено што преостанува е оставка на Владата. Денеска!

ОСТАВКА! ДЕНЕСКА!

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish