Изборите не треба да се одржат на Цветници!

Молам за разбирање, особено од припадниците на другите верски заедници - муслиманите. Имам стотина пријатели, припадници на муслиманската вероисповед, и со сета должна почит кон нив, оти постојат само луѓе и нелуѓе, кај сите народи, вери и етникуми, сакам да поставам прашање до нашите претставници и на власта и на опозицијата, кога велам „нашите“, мислам на оние кои се христијани, во случајов православни христијани.

_MG_1111 - Copy

Пишува: Отец Душко Груевски

Кога се договаравте за датумот на изборите, донесовте консензус за 24 април 2016 година, а кога се калкулираше за евентуално одлагање на изборите, некој од потписниците на Договорот од Пржино, рече дека може да се помести, ама не подоцна 05 јуни 2016, затоа што од наредниот ден почнува Рамазанскиот пост. Имам респект кон верските чувства на муслиманите и кон нивната свест за важноста и тежината на Рамазанскиот пост. Искрено, и од сé срце, им посакувам секое добро за време на постот и после тоа.

Но, сакам да ги прашам „нашиве“, не знаевте дека 24 април 2016 е Цветници (влегување на Исуса Христа во Ерусалим) и е строг Велигденски пост??? А згора на сето ова, утредента, понеделникот по Цветници, кога официјално ќе се соопштат резултатите, и ќе има победници и поразени, па ќе има зла крв, негодување, неправди, среќни и несреќни..., е денот кој во православната религија се се нарекува Страстен понеделник..

Ако не сте знаеле, тој ден нашите стари, ни вода пиеле, ни леб јаделе... Тримиреле. Тоа се денови на Страстната седмица. НАЈГОЛЕМИТЕ ДЕНОВИ ВО ПРАВОСЛАВИЕТО... Најстрогиот пост од сите постови во календарската православна година.... Тогаш е време на СМИРЕНИ.!!!

Ме чуди дали тоа ви поминало незабележано, или со некоја намера сте дозволиле датмуот на изборите во оваа политичка криза, да биде токму во деновите на најголемиот и најтешкиот пост за православните христијански верници

Не сакам да ме разберете како некој верски фанатик, но едноставно не можам да премолчам нешто кое неколку месеци го чувам во себе. Очекувате дека вистинските верници ќе дадат кредибилитет некому на Цветници и на Страсниот понеделник да слави и прославува?!  А, некому да тажи и негодува!? Токму тогаш... Мислам дека е несериозно да се очекува тоа...

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian