Полицијата немоќна пред демонстрантите кои бараат слобода

Со извиците „Готов е! Македонија! Слобода! Дојдете со нас!“, граѓаните го пробија кордонот на специјалната полиција на патот кон зградата на Владата. 

Скопје беше под опсада на специјалните полициски сили денеска. Приодот кон зградите на парламентот и на Владата беа силно обезбедени. Сепак, иако многубројни, специјалците не употребија прекумерна сила, борни коли, ниту механизација против неколкуте илјади демонстранти на Шарената револуција, чија главна порака денеска беше „Ова е крајот!!! Заради Мартин, за сите“.

Полициската реакција беше невообичаено млака, со исклучок на неколку турканици и пендреци врз првите редови на демонстрантите. Од под шлемовите на дел од полицајците можеше да се видат насмевки и погледи на одобрување и поддршка.

Во првите редови на демонстрантите беа и челните луѓе на опозициската СДСМ, Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски, Фросина Ременски, како и од низа други опозициски партии.

Р.Ц.М.

Print Friendly, PDF & Email