И штипските активисти повикувани на информативни разговори

Продолжува полицискиот прогон врз граѓанските активисти. Во текот на вчерашниот ден, тројца учесници на Шарената револуција од Штип, добија покани за информативни разговори.

13020136_1342387479111020_1324195473_n (1)

Штип, 18-ти април

ЦИВИЛ Медиа разговараше со Горан Трајков, кому со полициско комби, вчера попладне му беше доставена поканата.

“Ги прашав зошто доаѓаат тројца полицајци, со полициско комби и дали не можеа поканата да ја достават по пошта или со курир. Нивниот одговор беше дека немале други возила?! Како што ме соопштија, информативниот разговор е поради прекршување на членот 27 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир”, вели Трајков.

Тој не ја примил поканата. “Не планирам да примам покана од некого кој ги остава криминалците на слобода, а нас за прекршок ни доаѓаат со полициски комбиња!”

Според информациите од останатите двајца активисти кои ги добиле поканите, информативните разговори се закажани за денеска во 17.00, 19.00 и 21.00 часот.

Членот 27 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир, се однесува на “оневозможување на користење или оштетување на јавни згради, јавни чешми, извори, плажи, паркови, шеталишта... и други јавни објекти и инсталации…”. Глобата за прекршување на овој член е од 100 до 400 евра.

ЦМ

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian