Бејли и Орав на средби со потписниците на Договорот од Пржино

Завршија билатералните средби на претставниците на партиите-потписнички на Договорот од Пржино, со амбасадорите на САД, Џес Бејли и на ЕУ Аиво Орав. На средбите како претставник од ВМРО-ДПМНЕ присуствуваше Никола Тодоров, од СДСМ Радмила Шекеринска, од ДУИ Артан Груби и  Имер Алиу од ДПА.  Средбите се одржаа во резиденцијата на Европската унија. 

ghfhy

"Во активна дискусија сме со партиите. Се надеваме дека тие ќе постигнат договор следните денови“, изјави Бејли. Истиот став го дели и Орав според кого: "Имавме блиски средби и разговори со партиите, се надевам дека брзо ќе постигнеме договор."

fdgvd

По завршувањето на средбите, Радмила Шекеринска за медиумите изјави: "Со оневозможување на криминални избори и повлекување на аболицијата на Иванов, се отвора шанса за повторно да бараме решение за сериозната политичка криза. Ова денеска беше шанса партиите да ги кажат ставовите на меѓународната заедница, за тоа какво решение предвидуваме за крај на оваа политичка криза. Што се однесува до опозицијата, нам ни треба час - поскоро, да се обезбедат сите услови за фер и демократски избори и да знаеме дека тие избори нема да бидат повторување на претходните криминални избори".

Никола Тодоров, својот став за тоа како помина билатералната средба не го сподели со медиумите.

Според неофицијални информации, главни точки за разговор на денешните средби  биле утврдување на датумот за избори и на форматот на владата која ќе треба да ги спроведе изборите. На овој начин, амбасадорите Бејли и Орав, ги подготвуваат партиите, потписнички на пржинскиот договор, за нова лидерска средба.

 

ЦМ

Print Friendly, PDF & Email