И Бит Пазар сака „Напред“

Активистите на ЦИВИЛ - Центар за слобода вчера на Бит-пазар и околу ТЦ „Мавровка“ во скопската општина Чаир, поделија стотина флаери на макеоднски и на албански јазик, со информативна и едукативна содржина за изборно набљудување, во рамки на проектот „Напред!“.

Граѓанките и граѓаните беа задоволни и заинтересирани да бидат дел од набљудувачкиот тим на ЦИВИЛ, а дел од нив истакнуваа дека досега „никој не ги есапел“.

„Ако сте невладина организација тогаш ќе земам флаер и ќе аплицирам, но нема да се пријавам доколку сте политичка партија, доста ни е од политички партии да ни кажуваат што да правиме“, искоментира еден граѓанин.

Со стотици акредитирани набљудувачи, над 1.000 граѓански набљудувачи и врвен тим на аналитичари и експерти, „Напред!“ е проект за долгорочен мониторинг на изборниот процес, за набљудување на денот на изборите, за едукација и јакнење на јавната свест за правата на гласачите.

Проектот „Напред!“ се спроведува на национално ниво во 14 регионални центри на ЦИВИЛ и е финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian