Онлајн анкета на ЦИВИЛ: Избирачкиот список и работата на ДИК

ЦИВИЛ – Центар за слобода во рамки на проектот „Слободни избори за слободни граѓан(к)и“, спроведува онлајн анкета со прашања кои се однесуваат на состојбата на Избирачкиот список, на работата на Државната изборна комисија, и на можноста на граѓаните за пријавување на нерегуларности.

Преку оваа анкета, ЦИВИЛ ќе се обиде да го детектира ставот на граѓанките и граѓаните за неправилностите во Избирачкиот список, и дали времето до 5-ти јуни е доволно за списокот на гласачи да се прочисти.

Кликнете ТУКА за да одговорите на анкетата која ќе ви одземе најмногу една минута.

FEFC logo MK - C„Слободни избори за слободни граѓан(к)и“ е проект на сите граѓанки и граѓани на Македонија. Тој произлегува од потребата на граѓан(к)ите да се вклучат во создавањето услови за спроведување слободни избори. Проектот е финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Паралелно со анкетирањето на граѓаните за нивните ставови за работата на ДИК и за состојбата на Изборниот список, ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повикува сите граѓанки и граѓани кои сакаат да аплицираат за изборни набљудувачи, да испратат кратка биографија, мотивациско писмо и фотографија на е-адресата [email protected].

Крајниот рок за пријавување на набљудувачи е 31-ви март 2016-та година.

Посетете ја веб страницата на ЦИВИЛ, онлајн формуларот за пријава на политички и други притисоци и Фејсбук страницата на ЦИВИЛ.

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian