Шефот на УБК учесник во дивјачко пукање

Денешните откритија на прислушуваните разговори на највисоките функционери во државата, пружија докази за крајно неодговорно однесување на Сашо Мијалков, шефот на УБК во Република Македонија.

WoA message card 2013Во прислушуваните разговори објавени од страна на опозицијата, јасно е дека Мијалков се наоѓа во средина каде што членови на владејачката партија пукаат со пиштоли и автоматски пушки на партиска прослава, прикажувајќи притоа гордост со самиот чин, оправдувајќи го таквото однесување, а можно е и самиот да пукал.

Крајно несоодветно е високи претставници на власта, особено ако се од безбедносниот сектор, да се вклучени во такво дивјачко славеничко пукање, наместо да служат како пример во напорите против култот кон оружјето.

Како организација посветена на контролата на оружјето и на надминувањето на култот кон оружјето, во денови кога ја одбележуваме Глобалната недела за акција против оруженото насилство во Република Македонија, ЦИВИЛ - Центар за слобода остро го осудува ваквите постапки во кое е јасно кршењето на законите и е против сите стандарди на професионално и цивилизирано однесување.

Ја советуваме јавноста да ги осуди ваквите дела, без оглед на општествената позиција на прекршителите и да го земат овој извитоперен настан како пример за тоа како да НЕ се постапуваат.

[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=-J0MQhuNh5M[/youtube]

Print Friendly, PDF & Email