Бојкотот како опција за партиите на Албанците

Огранокот на ДПА во Струга ќе ги бојкотира парламентарните избори. Ваквата одлука следи поради тоа што лидерот на ДПА Мендух Тачи останал рамнодушен по нивното барање за повлекување на листата за пратеници во изборната единица 5. Според порталот Стругалајм, предглогот за замрзнување на активностите околу парламентарните избори беше подржан од сите присутни на состанокот на струшкиот огранок на ДПА, вклучувајќи го и самиот градоначалник. Со оваа одлука се продлабочува судирот меѓу огранокот на Струга и лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Ден по објавувањето на кандидатските листи за пратеници на ДПА, дури 19 од 20 кандидати се повлекоа. Само носителот на листата, Зија Јонузи, му остана верен на лидерот на партијата.

TachiДУИ, иако нема претседателски кандидат, сепак води активна кампања и секојдневно одржува митинзи и средби со граѓани, каде што главниот акцент се става на тоа дека Албанците на денот на претседателските избори треба да останат дома. Причината за бојкот е тоа што на претстедателските избори не се избира консензуален претседател. Впрочем, тоа беше причина и за распишување предвремени парламентарни избори, паралелно со претседателските, што на овој изборен процес повторно му дава етнички предзнак.

На вчерашниот митинг во Чаир, ДУИ порача дека е време Македонија да добие претседател Албанец. Како што изјави Ермира Мехмети од говорницата, време е на сите државни функции да дојдат Албанци, а за тоа ДУИ најави дека ќе бара и уставни промени. „Треба и премиерот и претседателот на Собранието да можат да бидат Албанци. Ние за таа идеја ќе се бориме со предлагање уставни измени. Не велам дека не може Македонец да биде претседател на Македонија, но за него мора да постои консензус, тој да биде консесзуален претседател“ - изјави Ермира Мехмети.

„Kонсензуалниот претседател за нас значи претседател кој сам ќе оди на терен и ќе се среќава со луѓето од сите националности во Македонија“, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на собирот што се одржа во Гостивар и притоа изрази оптимизам за заживувањето на идејата за заеднички претседател бидејќи, како што рече, Македонија е земја составена од две поголеми етнички заедници и од неколку помали.

Арбана Ќерими, Марко Петревски

Print Friendly, PDF & Email