Субхи Јакупи, ДИК: МВР не ни помогна да добиеме точна евиденција

Субхи Јакупи, потпретседател на Државната изборна комисија отворено говори за предизвиците со кои се соочува оваа институција во изборниот процес. Еден од проблемите, според Јакупи, е тоа што избирачкиот список не е докрај прочистен и јасно посочува кон институцијата одговорна за овој проблем

Прв пат се направени низа промени во Избирачкиот законик. По јавното објавување на избирачкиот список, ние, како Државна изборна комисија, бевме обврзани да им дадеме можност на сите политички партии да ги изнесат своите забелешки, пред официјалното објавување на избирачкиот список. Имаше неколку реакции од партиите. Од ДУИ констатираа дека во одредени општини има станови во кои е заведено дека живеат по 50 до 70 луѓе. Другата забелешка доаѓа од СДСМ, која се однесуваше на наодот дека во избирачкиот список има починати луѓе и тоа околу илјада лица.

[youtube]https://www.youtube.com/watch?v=1c-XE3BohrI&list=UUmIJ9n6od78G08S13wLtWbg[/youtube]

Subhi JakupiДржавната иборна комисија ги разгледа сите аномалии и излеговме со констатација дека повеќе од 800 лица кои ги навеле не се во избирачкиот список. Ова е добро за ДИК, значи добро се работело. Но, сепак, остануваат 202 лица, за кои немаме точни податоци. Тие беа оспорени и од Управниот суд и остануваат во избирачкиот список, покрај забелешките од СДСМ. Така што, не можеме да дејствуваме на друг начин. МВР не ни помогна да добиеме точна евиденција за овие 202 лица и тие ќе останат во избирачкиот список за претседателските избори. Потоа ќе видиме дали за парламентарните избори ќе имаме промени од ваква природа.
Што се однесува на тоа дали е ова нерегуларност, ние треба да го почитуваме тоа што го имаме, врз основа на потребната документација. Во овој момент Државната изборна комисија не може ништо да анализира за фактичката состојба со лицата за кои станува збор. Истовремено, ќе направиме напор да направиме нешто повеќе во овој период што ни остана за избирачиот список за парламенентарните избори.

Арбана Ќерими, Марко Петровски
Камера: Стефан Урџановски

 

Print Friendly, PDF & Email