Во Македонија не се спроведуваат слободни избори

Ви ги претставуваме резултатите и анализа од онлајн истражувањето на ЦИВИЛ – Центар за слобода. Овој прашалник е сегмент од пошироко истражување во рамките на проектот Слободни избори за слободни граѓан(к)и е дизајниран за пошироката јавност.

Преку овој прашалник дојдовме до квантитативни податоци ставовите и сознанијата на испитаниците за изборните процеси, изборниот модел, нерегуларностите и притисоците со кои тие се соочуваат.  На прашалникот одговорија 568 испитаници. ЦИВИЛ спроведе истражување и преку фокус групи во пет региони во Република Македонија

19 001 sinking voter

Илустрација: Мирослав Стојановиќ

Додека 61.6% од испитаниците веруваат дека гласањето на избори е израз на слободната војла на граѓан(к)ите, дури 92.4% од испитаниците сметаат дека во Република Македонија не се спроведуваат слободни и фер избори. Во склоп на тоа, дури 95.1% од нив сметаат дека сиромашните и другите ранливи категории во општеството се уценети и се злоупотребуваат на друг начин со цел да се принудат да гласаат за партиите на власт. 1-5-8

Дури 96.5% од испитаниците сметаат дека администрацијата се злоупотребува во партиски цели. 84% од испитаниците сметаат дека полицијата ги пречекорува службените овластувања, а дури 89.1% од нив не сметаат дека судовите судат праведно и според законот. Со ова доаѓаме во заклучокот дека мнозинството граѓани сметаат дека институциите на системот се злоупотребуваат од власта за нивните партиски цели. 9-10-11

Огромно мнозинство 97.9% од испитаниците слушнале за политичките “бомби“ на опозицијата, од кои 93.8% веруваат дека тие политички „бомби“ на се автентични, и дури 94.9% од нив сметаат дека содржините упатуваат на криминално делување и злоупотреби на власта. 16-17-18

Оттаму, дури 91.9% од испитаниците сметаат дека е оправдано барањето на опозицијата за оставка на премиерот Никола Груевски. Меѓутоа, само 50.2% веруваат дека со оставка на премиерот ќе се промени начинот на владеење во Република Македонија. 14-15

Според резултатите, 92.4% од испитаниците сметаат дека пратениците во Собранието на Република Македонија се контролирани од Владата. Исто така, огромни 96.7% сметаат дека и медиумите се под контрола на власта. Меѓутоа, 70% од испитаниците не се плашат да ја критикуваат власта. 4-12-13

Иако на лично ниво, 81.7% од испитаниците тврдат дека ниеден претставник или активист на политичка партија не им ветил работно место или друга бенефиција доколку направат список со сигурни гласачи за таа парти,а дури 74.8% од нив познаваат некого кој добил такви ветувања. 2-3

Мнозинството испитаници, поточно 63.6% сметаат дека Република Македонија треба да биде една изборна единица, и дури 70.2% од нив знаат што претставуваат отворени гласачки листи. 6-7

Резултатите можете да ги преземете овде.

Подготвија: Емрах Реџепи и Горан Наумовски

Print Friendly, PDF & Email