ЦИВИЛ повикува: пријавете политички притисоци и мобинг

ЦИВИЛ - Центар за слобода објави формулар за пријавување на политички притисок, мобинг или дискриминација. По зголемениот број пријави за различни видови политички мотивирани притисоци, закани, дискриминација, па и насилство, ЦИВИЛ дава уште една можност за онеправданите граѓанки и граѓани. 

Формуларот има за цел откривање и превенција на политичките притисоци, дискриминацијата и мобингот со кој се соочуваат граѓанките и граѓаните.

Податоците од формуларот се чуваат во најстрога тајност.

Од моментот на пополнување на формуларот, претставник на ЦИВИЛ ги контактира граѓан(к)ите во рок од три дена. ЦИВИЛ ги повикува граѓаните да се јават и да закажат средба со претставник на организацијата на телефонскиот број 02/ 520 91 76.

ЦИВИЛ им се заблагодарува на граѓанките и граѓаните за големата доверба во организацијата.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian English