Илустрација: Мирослав Стојановиќ

ЦИВИЛ продолжува со проектните активности во Струмица и Гевгелија

По вчерашниот успешен работен ден во Штип и Велес, ЦИВИЛ – Центар за слобода продолжува со активностите и денес, во Гевгелија и Струмица.

Гевгелија Тимот на ЦИВИЛ попладнево ќе биде во Гевгелија каде ќе одржи состанок со Регионалната работна група за слободни избори. Средбата ќе се одржи во хотелот „Аполонија“ со почеток во 16:15 часот. На состанокот се поканети претставниците на политичките партии на локлано ниво, претставници на локалните невладини организации и медиумите.

Теми за разговор ќе бидат актуелната политичка криза, политичката дискриминација на локално ниво, состојбата на медиумите, злоупотребата на јавната администрација за политички цели, како и евентуалните активности кои можат да се преземат за подобрување на политичката состојба и за овозможување на услови за одржување на фер, демократски и слободни избори во април.

Работниот состанок е во рамките на проектот „Слободни избори за слободни граѓан(к)и“ поддржан од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Вечерва, тимот на ЦИВИЛ ќе има и работната средба со мониторинг-тимот во хотелот „Есперанто“ во Струмица. На средбата ќе се дискутира за извештаите на мониторинг-тимот за струмичкиот регион. Алармантната состојба со кршењето на човековите права и слободи, пред се, кршењето на гласачкото право, и политичката состојба на регионално ниво, се исто така, теми на денешната средба.

Средбата во струмичкиот регион е во рамките на проектот „Моето гласачко право“ поддржан од проектот на УСАИД за граѓанско право.