Злоупотреба на лица со посебни потреби

По повод празникот 8 Mарт, претставнички на Општинската организација на жени во Ресен, заедно со сопругата на градоначалникот Соња Стрезовска, го посетиле Дневниот центар за лица со посебни потреби, во неделата, на 6 март.

Како што пишува на Фејсбук статусот на градоначалникот на Ресен, Ѓоко Стрезовски, целта била да им се разубави секојдневието на штитениците. Со коментарот во прилог се ставени и две фотографии со лицата со посебни потреби.

Според етичките норми, за фотографирање на лица со посебни потреби и јавно објавување на фотографиите, е потребна дозвола од директорот на Центарот за социјални работи, особено доколку тие фотографии се објавуваат на социјалните мрежи  и медиуми.

Граѓанскиот новинар од Ресен, во разговор со директорката на Центарот за социјални работи, бил информиран дека од неа не е дадена дозвола за фотографирање, при посетата на штитениците во Дневниот центар од членките на Општинската организација на жени.

Така, лицата со посебни потреби во Ресен се злоупотребени за целите на предизборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ, чиј кадар е градоначалникот Стрезовски.

Според условите за учество во натпреварот „Биди граѓански новинар“, граѓанскиот новинар од Ресен сакаше да остане анонимен.

 

CIVIV LENSES logo EN - CopyОваа содржина се објавува во рамките на вториот круг од натпреварот „Биди граѓански новинар“ на проектот „Граѓански објектив“ на ЦИВИЛ, поддржан од National Endowment for Democracy. Содржината на овој прилог е минимално редактирана од редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, соодветно на концепцијата на проектот и на веб страницата.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian