АНКЕТА: Дали изборите ќе се одржат на 5 јуни?

При гостувањата во градовите низ Македонија соговорниците на ЦИВИЛ - Центар за слобода често потенцираа дека не се сигурни дека воопшто ќе се одржат парламентарните избори во закажаниот термин на 5 јуни. Дел од нив не беа информирани дури ни за поместувањето од 24 април на 5 јуни, а друг дел беа резервирани околу можноста повторно да дојде до недоразбирање меѓу партиите и до откажување на изборите.

Од тие причини екипата на ЦИВИЛ Медиа на скопските улици направи видео анкета на тема „Дали изборите ќе се одржат на 5 јуни?“ И скопјани се скептични во поглед на одржувањето на изборите на тој датум, едни поради неисполнетите услови за кредибилни избори, а други поради недовербата во цврстината на ставовите на партиите.

[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=Txhuo-i17HY[/youtube]

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian