ЦИВИЛ за посреќна 2017: Серија колумни на тема „Како ја преживеав 2016“

По уште една година борба за слобода во Македонија и за исчезнување на стравот, за враќање на демократијата, ослободување на медиумите и востановување на правната држава, за почитување на човековите права на сите граѓани на Македонија, особено на маргинализираните и ранливите категории, за санкционирање на криминалот и елиминирање на шовинизмот и на говорот на омраза, борба против сите видови дискриминација и структурно насилство, борба - водена и на улиците на македонските градови и низ институциите, ЦИВИЛ Медиа, им понуди на дваесетина јавни личности, интелектуалци, творци, слободоумни луѓе..., да напишат осврти за тоа како ја преживеале 2016.

Фото: Роберт Атанасовски, награда за најдобра репортерска фотографија, „Жан Моне“ за 2016

Фото: Роберт Атанасовски, награда за најдобра репортерска фотографија, „Жан Моне“ за 2016, © Роберт Атанасовски

Граѓански активист(к)и, новинар(к)и, режисер(к)и, актер(к)и, писател(к)и, преведувач(к)и, секој(а) на свој начин, низ колумните раскажуваат за сето она што го оставивме зад нас, неретко, меѓу редови, најавувајќи ги и своите надежи за годината и периодот пред нас... Следните денови ќе ги објавуваме нивните размислувања на тема „Како ја преживеав 2016“.

Честитка за Нова Година од ЦИВИЛ. Фото: ЦИВИЛ

Честитка за Нова Година од ЦИВИЛ. Фото: ЦИВИЛ

 

 

Print Friendly, PDF & Email