Гаснењето на „Утрински весник“ е атак врз независното информирање во пресрет на изборите

ЦИВИЛ - Центар за слобода изразува сериозна загриженост по информацијата дека медиумската компанија Медиа Принт Македонија (МПМ), која важи за блиска до власта, носи одлука за редуцирање на кадрите во „Утрински весник“, на начин кој практично е гаснење на овој весник. 

Одлуката да се згасне весник во чија редакција работеа новинарки и новинари кои секојдневно ја информираа јавноста на професионален и непристрасен начин, претставува атак врз и така ограничениот информативен простор во земјата. Тајмингот за гаснење на овој весник е критичен, со оглед на фактот дека изборите се закажани за само четири недели.

ЦИВИЛ ги поддржува новинарките и новинарите на „Утрински весник“ во нивните напори за опстанок на медиумот, зашто редакцијата на овој медиум е пример како и покрај политичките притисоци на сопственичката структура, доследно се борат за примена на професионалните стандарди за објективно и балансирано информирање на јавноста.

 

Print Friendly, PDF & Email