ЦИВИЛ со штипјани, Напред!

ЦИВИЛ денеска во Штип ги повика граѓанките и граѓаните да се вклучат во набљудувањето на изборниот процес. И тие, во огромен број со задоволство ја прифатија поканата.

Штипјани ги информиравме за активностите во рамките на проектот „Напред!“. На настанот се делеа триплети, се мобилизираа идните набљудувачи од овој град и се разговараше со граѓанките и граѓаните за гласачките права и условите за спроведување на слободни избори.

Штип

Иако дел од заинтересираните штипјанки и штипјани се собраа пред споменикот на Александар Македонски, наместо на Плоштадот на пријателството, сепак тимот на ЦИВИЛ го имаше тоа задоволство да подели неколку стотини флаери и да разговара со десетици граѓанки и граѓани чиј интерес е организирање на слободни избори.

Проектот „Напред!“, се спроведува  на нацијално ниво во 14 регионални центри на ЦИВИЛ. Проектот е финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.

Print Friendly, PDF & Email