Сафет Бишевац: Живееме во медиумско ропство

По повод Светскиот ден на слободата на медиумите прашавме повеќе видни новинари од земјата што мислат за состојбата со медиумите кај нас. Според Сафет Бишевац, поранешниот уредник во А1 телевизија и поранешен пратеник, Македонија буквално живее во медиумско ропство.

-  Што да мислам за слободата на медиумите во земја која според сите мерења е земја во редот на неслободни земји. Веќе и на најголемите „неутралци“ им е јасно дека ѓаволот ја однел шегата и дека Македонија има голем проблем. Неслободата на медиумите значи и неслобода на граѓани-нот, а неслободата на граѓанинот значи дека некој свесно не’ бута во ропство – економско, медиумско, политичко, во какво сакате. Тоа е целта на режимот на Никола Груевски, да ги владее луѓето како во феудално општество. Тој да биде суверенот, а ние да бидеме поданиците и робовите.

На прашањето дали ситуацијата со медиумите е подобра или полоша од порано, Бишевац вели:

Тоа е неспоредлива ситуација, навистина. Ако пред доаѓањето на оваа гарнитура, односно во првите години на раководењето на ВМРО-ДПМНЕ, од 2006 до 2008, сме биле во првите 50 земји по слободата на медиуми, го поминавме патот од делумно слободни земји и сега сме во послед-ните 4 земји заедно со Северна Кореја, Белорусија, Русија, земји за кои светот утврдил дека нем-аат слобода на медиумите. Ние сме во група на такви земји и тоа сигурно не им служи на чест ниту на оние кои управуваат со земјата, ниту на оние кои дозволија да дојдеме во ваква ситуација. Добрите луѓе дозволија злото да се прошири и да метастазира во целото општество.
За Бишевац ваквата ситуација ги загрозува и помалите етнички заедници во Македонија, кои немаат услови за вистинско информирање. Без медиумска слобода за поголемите, нема слобода ни за помалите етнички заедници:

Ако генерално може да се каже дека сите живееме во земја која не е слободна за медиумите можете да замислите како поголема заедница, во каква позиција се помалубројните етнички заедници во оваа држава. Тоа е правопропорционално со  слободата што ја имаме како граѓани. Ако како граѓани не сме слободни тогаш сигурно сме уште помалку слободни како помалубројни етнички заедници. Се’ она што и’ се случува на државата и на големите етнички заедници е мулти-плицирано кога станува збор за помалите етнички заедници кои немаат дури ни елементарни права и услови за вистинско информирање.


ЦИВИЛ - Центар за слобода покани неколку експерти и уредници да дадат свое мислење за состојбите со слободата на изразувањето и медиумските слободи. Овој серијал е дел од проектот за изборен мониторинг - Напред!, финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.

 

Print Friendly, PDF & Email