ЦИВИЛ: Слобода, но и одговорност во медиумите

ЦИВИЛ - Центар за слобода уште еднаш алармира и се спротивставува на непочитувањето на човековите слободи и правата на новинарите, кое ги доведува во прашање основните принципи на слободата на медиумите, заштитата на новинарските извори и основните права на граѓанките и граѓаните за објективно и навремено информирање.

Слободата на информирање е столб на секое демократско општество. ЦИВИЛ се залага за демократија и за објективно информирање. Правото на известување, промоцијата на независни медиуми, поттикнувањето на јавната свест, подобрувањето на безбедноста на новинарите и навременото информирање на граѓан(к)ите се предуслов за ослободување на медиумите од стегите на власта. Без оглед на тоа од која страна доаѓа, новинарството и медиумите мораат да ги почитуваат основните критериуми за етичко и професионално работење. Оттаму, омразата и вулгарностите кои доаѓаат од медиумските продукти кои се декларираат како критички или опозиционерски, се исто толку неприфатливи како и оние кои што доаѓаат од провладините медиуми.

Колумната „Медиумските „дијаболи“ и нивната мисија“ е став на нашиот драг колега и новинар, Петрит Сарачини, чија мисла е чекор напред во ослободување и освестување на новинарството како професија.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: English