ЦИВИЛ е дел од проектот “Граѓаните во Собранието: Законодавни иницијативи за човекови права”

ЦИВИЛ - Центар за слобода заедно со Млади европски федералисти - ЏЕФ, и уште десет други граѓански организации од Македонија, се дел од проектот “Граѓаните во Собранието: Законодавни иницијативи за човекови права”.

Во рамките на проектот што го имплементираат Фондацијата Вестминстер и Високата школа за новинарство и односи со јавноста, денеска се одржа јавен настан на кој беа претставени законските иницијативи од организациите кои се дел од проектот.

Законодавната иницијатива која ја предлагаат ЦИВИЛ И ЏЕФ, се однесува на промена во законот за аудио и аудиовизуелни медиуми, конкретно, на член 48.

DSC_0234

“Законската регулатива не предвидува конкретни, ефективни и ефикасни механизми за санкционирање на говорот на омраза во програма од домашна продукција емитувана во домашните медиуми. Поради тоа, многу често сме сведоци на говор на омраза во медиумите кој неретко поминува незабележан,  а речиси никогаш не е санкциониран”, вели Симона Младеновска  од ЏЕФ која ја презентираше иницијативата.

DSC_0134

“Со законските измени се очекува, санкционирање на говорот на омраза, што понатаму ќе придонесе кон целосно искоренување на програми и емисии кои содржат или поттикнуваат говор на омраза”, објаснуваат претставниците на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

DSC_0216

Проектот “Граѓаните во Собранието: Законодавни иницијативи за човекови права”, како што истакна програмскиот координатор Ивана Петкуќеска, се спроведува две години, во кои ќе бидат организирани повеќе обуки, студиска посета во Шкотска и најважниот дел - преку проектот ќе се овозможи пристап на граѓаните во Собранието, со цел имплементирање на предлог-законските иницијативи во пракса.

Проектот е финансиран од Европската унија.

Print Friendly, PDF & Email