Меѓународен ден на човековите права

„Застани во одбрана на нечии права“ е слоганот со кој земјите-членки на Обединетите нации денеска го одбележуваат 10-ти Декември - Меѓународниот ден на човековите права. На овој ден, во 1948 година во Париз е усвоена Универзалната декларација за човекови права чие историско значење е инспирација за одбележувањето на човековите права ширум светот.

n43

Универзалната декларација е составена од триесет члена кои се вклучени во меѓународни договори. регионални инструменти за човекови права. национални устави и закони. Основните постулати на кои се заснова Универзалната декларација за човековите права укажуваат на фактот дека слободите и правата се дадени за сите, секаде во светот, во секое време и место.

Годинава, на 10-ти декември се одбележува и триесетгодишниот јубилеј од донесувањето на Конвенцијата против тортура и друг вид на сурово, нечовечно или понижувачко постапување и казнување.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian