Репортери без граници: Триесетгодишна борба за слобода на говор

Организацијата „Репортери без граници“ веќе 30 години се грижи за безбедноста на новинарите и ја брани слободата на медиумите во светот. Фактот дека половина од светското население нема пристап да информации или до независни вести укажува на потребата нивната борба да се насочи кон неколку проблематични прашања за новинарите и медиумите.

Слободата на информирање е столб на секое демократско општество. „Репортери без граници“ се предводници во заложбите за очувување на демократијата и за објективно информирање.  Правото за известување, промоција на независни медиуми, поттикнување на јавната свест, подобрување на безбедноста на новинарите и блогерите од целиот свет е дел од стратегијата на која работат 30 години. Насилството кое го обележува 21 век ширум светот влијае и врз медиумите. Освен цензурирањето на медиумите и користењето на говор на омраза, „Репортери без граници“ ставаат акцент на безбедноста на новинарите кои известуваат од конфликтните зони.

ЦИВИЛ – Центар за слобода  целосно ги поддржува и им се придружува на „Репортери без граници“ во нивната борба. Воедно, искрено им честитаме на нивното триесетгодишно опстојување и заложбите за слободна светска медиумска заедница. Им благодариме и за нивните заложби за ослободување на  македонските медиуми од стегите на власта, како и улогата што ја имаа во случајот на новинарот Томислав Кежаровски.

Print Friendly, PDF & Email