Збогум ПЈРМ, да живее Република Северна Македонија!

ЦИВИЛ – Центар за слобода ја искажува својата безрезервна поддршка на историската одлука на македонскиот парламент за усвојување на уставните измени со што се исполнија најважните обврски од Преспанскиот договор. ЦИВИЛ им честита на мудрите и одговорни лидери и на сите граѓанки и граѓани за успехот во надминувањето на деценискиот грчко-македонски спор.

Оваа одлука е вовед во нови односи меѓу соседите не само во регионот, туку и во светот. Со оваа спогодба и со исполнувањето на договорот од македонска страна се дава пример за тоа како треба да се надминуваат разликите и споровите меѓу државите. Голема е заслугата на прогресивните граѓански сили во двете земји, како и на меѓународната заедница.

Со оваа одлука се победи минатото, во кое земјата беше ПЈРМ и се зачекорува во иднината на Република Северна Македонија, чиј идентитет и јазик на Македонците не само што не е загрозен, туку конечно е признаен во целост, а пред граѓанките и граѓаните се отвора посветла европска и светска перспектива.

Збогум ПЈРМ, да живее Република Северна Македонија!

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: English