Измрзнати и гладни, жените на ВМРО заминаа од Скопје

Измрзнати и гладни, членките на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ заминаа од Скопје. Огромен број авотбуси од целата земја, превезоа неколку илјади жени денеска, за да учествуваат на партиската конференција. Тие стоеја на студот утринава за да се качат на автобусите, смрзнуваа во спортската сала Јане Сандански (поранешна сала на МЗТ), Скопје, а потоа во колони, изгладнети, се качија на автобусите за да се вратат дома.

unija na zeni i gruevskiДенеска, за прв пат, како што велат неколку жени, учеснички на овој партиски настан, ќе се вратат во своите градови без вообичаената маренда на партиски трошок. Сендвичите изостанаа од агендата. На ручек заминаа само оние кои имаат можат да си го дозволат тоа, а другите чекаат да измине „слободниот час“ до поаѓањето кон градовите од каде што доаѓаат.

Иако дел од нив имаа инструкции дека попладнево ќе се протестира пред седиштето на СДСМ на улица Бихаќка во Скопје, автобусите заминаа, на големо олеснување на премрзнатите жени.

Како што веќе објавивме денеска, жените на ВМРО ДПМНЕ, денеска во Скопје пристигнаа по силните партиски притисоци и со закани од директорите на јавните претпријатија каде што работат. Присуството на партискиот настан беше задолжително, условено со непродолжување на договорите за работа, или со кратење на дневници, иако недела за сите е неработен ден. Задолжително беше присуството и за оние членки кои што во овој момент го користат правото на годишен одмор. Не беше исклучена ниту општинската администрација. Ден пред конференцијата, се вршеше проверка на списоците и утврдување на точниот број.

Изминатава недела, жените на ВМРО ДПМНЕ, една по една, беа повикувани од директорите на институциите каде што работат, комунални претпријатија, основни, средни, градски или рурални училишта, здравствени установи и низа други. На тие средби „очи во очи“, според извештаите на набљудувачите и граѓанските новинари, им се заканувале дека отсуството може да повлече сериозни последиците.

Ова утро, на собирните пунктови, можеше да се забележат мажи кои со списоци во рацете проверуваа дали жените ќе ја извршат партиската наредба.

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: English