„За нас се работи“: Граѓанскиот активизам и проблемите во животната средина

Здружението за развој и активно делување на граѓанскиот сектор „За нас се работи“, на 14 јуни (четврток), во хотелот „Театар“ во Битола, со почеток од 18 часот, ја организира петтата од серијата јавни трибини и дебати во рамките на проектот „Граѓанска вклученост за решавање на проблемите во животната средина“. Темата на трибината е „Граѓански активизам - активно и директно учество на граѓанинот во процесите на донесување и имплементирање на одлуките во локалната самоуправа“. 

Говорници на дебатата ќе бидат Џабир Дерала и Синиша Станковиќ од ЦИВИЛ - Центар за слобода и Филип Јовановски од „Плоштад Македонија“.

Проектот  „Граѓанска вклученост за решавање на проблемите во животната средина“ вклучува низа активности низ Битола и Пелагонискиот регион во период од 18 месеци и е поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено Општество – Македонија.

Print Friendly, PDF & Email