Вработените во "Улици и патишта" под притисок да возат нерегистрирани возила!

Вработените во ЈП „Улици и патишта", од денеска се под притисок од раководството, да возат возила што не се регистрирани!? Како што за ЦИВИЛ Медиа, информираше граѓанскиот новинар, чиј извор се дел од вработените кои не прифаќаат да возат, без претходно да се регистрираат возилата, веќе е направена листа во која се наведени вработените кои се послушни и оние кои одбиваат да возат.

13639904_10209750620067461_1471346655_o

Извор: Граѓански новинар

„Истиот проблем го имавме и минатата година, кога беше ветено дека доколку полиција запре возач кој управува со нерегистрирано превозно средство, казната во соработка со МВР, ќе биде скината. Но, тоа не се случи, односно колегата кој минатата година беше казнет, се уште никој не му ја 'покрил' казната, односно, мора тој сам да си ја плати. Поради тоа, значително поголем број на возачи оваа година одбиваат да возат, како што може да се забележи од листата”, вели еден од вработените.

Според досегашната пракса, вработените очекуваат санкциите да бидат 15 отсто од платата во временски период од шест месеци! Бројот на возила кои од утре ќе бидат на терен без регистрација, е планирано да биде поголем од денес, велат вработените.

ЦИВИЛ Медиа, се обиде да стапи во контакт со генералниот директор  на ЈП „Улици и патишта“, Синиша Ивановски, но како што не извести неговата секретарка,  не бил во можност да разговара со ЦИВИЛ. Неговата секретарка го пренесе единствено коментарот на директорот, дека не е можно нерегистрирано или технички неисправно возило да го напушти службениот паркинг и да замине на терен.

Марија Теговска 


civiv-lenses-logo-en-copy-500x414Оваа содржина се објавува во рамките на јулскиот круг од натпреварот „Биди граѓански новинар“ на проектот Граѓански објектив на ЦИВИЛ, поддржан од National Endowment for Democracy. Содржината на овој прилог е минимално редактирана од редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, соодветно на концепцијата на проектот и на веб страницата.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian