Велес, 17 април 2016: Мафија на робија!

Над 1000 граѓани излегоа на протести во Велес денеска. Низ централниот дел на градот, граѓаните маршираа, извикувајќи ги слоганите: „Нема правда, нема мир! Мафија на робија! Оставка! Еве ви го народот! Поддршка за СЈО!“

Демонстрантите застанаа и пред Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и скандираа: „Излези, Илија! Не се криј, Илија!“ Зградата на партиското седиште во Велес беше силно обезбедена со полициски сили. На протестите не беа забележани инциденти.
Нови протести се закажани за утре, со почеток во 18 часот.

 

 Текст, фото и видео: Дејан Ристов

CIVIV LENSES logo EN LfОваа содржина се објавува во рамките на третиот круг од натпреварот „Биди граѓански новинар“ на проектот Граѓански објектив на ЦИВИЛ, поддржан од National Endowment for Democracy. Содржината на овој прилог е минимално редактирана од редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, соодветно на концепцијата на проектот и на веб страницата.

Print Friendly, PDF & Email