ВМРО фрли крпа во „рингот“: Барањето правда ја нокаутира лагата, и покрај заканите и сендвичите!

Десетиците илјади граѓан(к)и на Македонија и вчеравечер и вечерва ги наполнија скопксите улици и плоштади со децидно барање за судење и затворање на накотените криминалци, за оставка на претседателот Ѓорге Иванов кој по наредба (на оние кои го катапултираа - ни виновен ни должен - во фотелјата која значи моќ, и во македонскиот случај, не подразбира ни минимум обрски или отчет) или, можеби и по крајно шокантната за јавноста, негова, сопствена одлука (конечно, да се изјасни по незамисливото седумгодишно молчење), „ничим изазван“, избра да се спротивстави на барањето на граѓаните на Македонија за враќање на забаталената правната држава и да им послужи како алатка на луѓето кои за  помалку од една деценија, ја вратија Македонија речиси, еден век наназад.

На улицата пред седиштето на СДСМ, денес немаше диригирани патриоти (од ГДОМ ли,од ГРОМ ли, од било која до срж партизирана државна институција, да рецитираат наизуст научени рецитации, со кои се борат за некое евренце или за платена функција...), всушност, немаше толпи буџетари и административци, оти им се разбегаа на наредбодавачите, најверојатно..., оти беше сабота. Силувањето на граѓаните – доживеа технички нокаут!

12961607_1090510194335321_318657628689222476_n

Протести 16.4.2016

За разлика од јавашлакот и долгата рака на власта, која вулгарно се втурнува во џебовите на граѓаните - 24/7, „патриотизмот“ на исплашените сендвич-демонстранти на ВМРО-ДПМНЕ, изгледа трае само од понеделник до петок, кога уцените, рекетирањето, заканите..., може да ги примораат сите граѓани од внатрешноста, кои се уште се плашат да не останат и без платичката од се попразниот државен трезор, па се тормозат со часови во автобуси, за да изедат студен сендвич (од некој демохристијански тендер-„патриот“, соработник на власта), за да одглумат протест и за да се вратат премалени дома, за локалните кметови да им докажат на чаушите на централно ниво, во престолнината – дека „Цело Скопје“ било „вмровски град“...

Ама тоа, „цело Скопје“ беше пред СЈО, пред Собранието, пред Владата, на Камени мост, на скопските улици, каде бараше  слобода и правда!

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian