Протест и контра-протест во Охрид

Охрид денеска, со почеток во 18:30 , првпат излезе на протести против одлуката на претседателот Иванов за одлуката за помилување на 56 политичари. Протестот започна на плоштадот „Македонија“, низ oхридската чаршија и заврши пред Основниот суд.

Како што не информираа набљудувачите на ЦИВИЛ - Центар за слобода, протестот поминал мирно, а демострантите се откажале од одлуката да се упатат кон Општината, за да се избегне конфликт со контра-демострантите. Тие ги повторија барањата за повлекување на одлуката за аболиција, за оставка на Иванов и за одложување на изборите.

Контра-протест, Охрид 20 април 2016

Контра-протест, Охрид 20 април 2016

Контра-протестот, од друга страна, започна половина час порано, а како што известуваат нашите набљудувачи, поминал мирно, со патриотска музика и под силно полициско обезбедување.

[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=ix3L9rUNl1Y[/youtube]

Но, говорниците од ГДОМ порачале дека е време да се расчисти со „душманите“.

„Пораката е - прво да се сплотиме сите што сме Македонци. Сите Македонци да бидеме едно, со една иста идеја, со една мисла да си ја зачуваме нашата татковина, бидејќи друга немаме, ни остана само едно парче“, изјави активист на ГДОМ, Мирче Томоски.

Print Friendly, PDF & Email