Фуере: Во дух сум со вас од Брисел!

Со поддршка за продемократските протести се јави и поранешниот амбасадор на ЕУ во Мaкедонија, Ерван Фуере.

На Фејсбук профилот на претседателот на ЦИВИЛ -,Центар за слобода. Џабир Дерала, под текстот за денешните протести, Фуере напиша коментар „во дух сум со вас од Брисел“.

Fouere

Ова не е првпат ексамбасадорот да се солидаризира со протестите во Македонија. Неговата поддршка тој ја даде и за време на протестите за Мартин Нешковски во 2011-та, но и на минатогодишните мајски протести предизвикани од „бомбите“ со прислушуваните разговори кои ги објавуваше опозицијата.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian