Избори за СПУКМ: Студентите - Албанци непретставени и незаинтересирани

Студентите - Албанци со кои разговараше ЦИВИЛ Медиа, велат дека повеќето од нив не се заинтересирани за студентските избори универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје,  но и дека недостасува поголемо активирање на Албанците на овој универзитет.

Сибел Османи, студентка на Правниот факултет „Јустинијан Први", за ЦИВИЛ Медиа вели дека студентите - Албанци, иако се информирани за студентските состојби, не презеле активност за да имаат кандидат или претставник. „Студентите - Албанци се информирани за состојбите, затоа што секоја група има претседател што ги известува за секој настан. Претставник или кандидат - Албанец, колку што ми е познато, нема. Студентите - Албанци немаат воопшто активности во ваквите организирања",  истакна Османи.

Sibel Osmani_student

Сибел Омани

И студентот на Економскиот факултет, Ермал Каја, вели дека имаат сознанија за изборите, но дека претставници - Албанци нема. „Информирани се студентите, кандидати или претставници на албанските студенти не знам дали има, јас не сум заинтересиран, а активист – Албанец е Мариглен Демири", додаде тој.

Ermal Kaja_student

Ермал Каја

Денес на УКИМ се одржуваат избори за Студентскиот парламент. А Студентскиот пленум, во кој учествуваат и активисти – Албанци, повика на бојкот на изборите, кои, според нив, се организирани на нелегитимен начин.

Бехар Мемиши

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian