Велес: „Готово е Никола!“

Денешниот продемократски протест во Велес се одржа во мирна атмосфера. Протестот на околу 1.000 граѓани на Велес, започна пред кружниот тек кај „Авона“, од каде демонстрантите се движеа по улицата „Благој Ѓорев“, покрај кафе-баровите, каде им се придружуваа граѓани и граѓанки од Велес.

Демонстрантите извикуваа „Нема правда, нема мир!“, „Мафија на робија!“, „Готово е, Никола!“, „Но пасаран!“, „Вратете ги парите!“... Тие се движеа до плоштадот С'рмаале, а кога поминуваа пред локалниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, извикуваа: „Апаши!“ и „Вратете ги парите!“.

[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=LkR1DolqSeY[/youtube]

Исто така, беа прочитани барањата за оставка на претседателот Ѓорге Иванов, за формирање на експертска Влада за спроведување на фер, демократски и кредибилни избори, за суспендирање на одлуката за веќе распишаните предвремени парламентарни избори на 5-ти јуни

За утре во исто време е е најавен нов протест.

Паралелно со продемократските протести, се одвивале и протести во организација на Граѓанско движење за одбрана на Македонија - ГДОМ, но на настанот биле повикувани само новинари на провладините медиуми. Присуствувале стотина граѓани на Велес, а зборувале Тони Михајловски и Филип Петровски.

 

Дејан Ристов

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian