Македонски перспективи: Како до Европа?

Соопштение за јавноста

ЦИВИЛ – Центар за слобода и Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) ја организираат конференцијата „Македонски перспективи: Како до Европа?“ на 4 јули 2018 во хотел Континентал, со почеток во 11 часот.

Премиерот Зоран Заев, повеќе амбасадори на земји членки на ЕУ, партиски лидери, експерти и претставници на граѓанското општество ќе говорат за важни аспекти на македонските перспективи, искуствата, задачите, предизвиците и придобивките од интеграциите во ЕУ и НАТО, за спогодбата со Грција и потребата од градење добрососедство.

Оваа конференција ќе биде одлична можност, пред очите на јавноста, да се разменат мислењата и ставовите во една аргументирана дискусија, со вклучување на повеќе засегнати страни и носители на одлуки. Ова е придонес на ЦИВИЛ и МЦМС кон јакнење на јавната свест за најактуелните теми во општеството, во пресрет на важните одлуки кои треба да се донесат на државно ниво, но во кои граѓанките и граѓаните ќе бидат дел од процесот на носењето на тие одлуки. Со оваа конференција им се дава предност на политичкиот дијалог и на дискусијата заснована на факти, наспроти насилството, говорот на омразата и лажните вести.

Конференцијата е дел од проектот „Слободни медиуми за слободно општество“ што ЦИВИЛ го спроведува со поддршка на Федералното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

 


Линк за преземање на АГЕНДАТА

Организаторите ќе обезбедат симултан превод на македонски, албански и англиски јазик. Организаторите ги молат заинтересираните своето присуство да го најават на civil@civil.org.mk или на тел. 02/520 91 76, најдоцна до понеделник, 2 јули, 16 часот. Во најавата е потребно да се наведе име и презиме, институција, позиција и контакт телефон.

Најавено присуство до 27 јуни: 9 политички партии, 7 амбасади, 11 НВО.

 

Преземањето на оваа содржина е дозволено

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian English