Њујорк, Вашингтон, Мелбурн: И дијаспората е против помилување на криминалците!

Против одлуката на Ѓорге Иванов за помилување политичари кои се осомничени за криминал со денови протестираат скопјани, на кои им се придружија и битолчани и струмичани, но теагираат и иселениците.

Македонците кои живеат во Њујорк, во Централ парк изглегле со поддршка на протестите во Македонија, а за денес во 12,00 по локално време (18,00 по макеоднско,, кога ќе започне закажаниот протест во Скопје) е најавен протест и пред македонската амбасада во Вашингтон, со што  иселениците ќе им изразат поддршка на сонародниците во татковината кои се борат за правна држава. „Овој протест е знак на поддршка за нашите сограѓани кои се борат за слободата, правдата, и демократијата во Македонија“, се наведува во најавата за протестот.

„Протестирам за подобра Македонија, за владеење на правото, за независно судство, за слободни медиуми, за демократска власт, за толеранција на различностите, за граѓанско општество со право на избор! Остануваме Македонци, без загради, наставки, преставки, додатоци!”, порачуваат Македонците во САД.

Реагираат и Македонците во Австралија. Во еден скопски портал, академикот и писател, Божин Павловски, кој живее по одреден период во годината и во Австралија и во Македонија, потенцира дека „со зборови не може да се опише возбудата на нашите граѓани што потекнуваат од Битола и од цела Пелагонија..., тврдејќи дека ги храбреле своите роднини во матичната земја да ја кренат главата на гордоста и непокорот“. Според професор на Латроб универзитетот, кој потекнувал од Пелагонија, „и македонската полиција ќе се сплоти со својот народ, далеку пред одржување на изборите. Без разлика што не поседуваме демократска традиција и толку многу настрадавме од алчни и бескрупулозни политичари, ние како народ и граѓани сме компатибилни со модерната цивилизација. А пак, нашата полиција е образована и нема да застане на погрешната страна“, истакнувал професорот. Академикот Павловски нагласува дека бројната македонска дијаспора во Австралија, очекува итно разрешување на политичката криза.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian