ЦИВИЛ во Кичево, Охрид, Битола, Прилеп и Кавадарци

Три тима на ЦИВИЛ - Центар за слобода започнаа со финалната фаза на подготовки за мониторинг на изборниот процес најавен за 11-ти декември и тоа во Скопје, во источниот, централниот и југозападниот дел од земјата. Целите на новата турнеја на тимовите на ЦИВИЛ се да ги зајакнат регионалните мониторинг тимови и да одржат разговори со релевантни претставници на политичките партии, локалната самоуправа и граѓанските организации.

Исто така, тимовите на ЦИВИЛ работат и на откривање случаи на злоупотреби и кршење на гласачкото право низ целата земја. Еден дел од тимовите работи и на директна комуникација со граѓанките и граѓаните, при што ги ги информираат за нивните гласачки права и ги потсетуваат дека повикот за пријавување на набљудувачи е отворен до крајот на овој месец.

xhabir press bitola 7 oct 2016

Прес конференција во Битола, 7 октомври 2016 г.

Истовремено со градовите и селата од источниот и централниот дел на Македонија, еден тим ги посети и Кичево, Охрид, Битола, Прилеп и Кавадарци. Во овој регион, ЦИВИЛ одржа средби со претставници на политичките партии и тоа со ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, СДСМ, ВМРО-НП, ЛДП и други, при што се информираше за партиските активности на локално ниво.

Во разговорите со претставниците на седум организации на граѓанското општество од регионот, се договараше соработка во текот на предизборието и на изборниот ден. ЦИВИЛ одржа и две прес конференции, во Битола и во Охрид на кои се презентираа проектите за изборен мониторинг и за повикот до заинтересираните граѓанки и граѓани да бидат набљудувачи на ЦИВИЛ.

Д. М. 

 

 

Print Friendly, PDF & Email