Видео-снимките од земјотресот ја нарушуваат приватноста

„Согласно Законот за заштита на лични податоци, снимки од видео-надзор не смеат да се даваат на користење на други лица, освен ако е тоа потребно во евентуална доказна постапка“, е ставот на правниот експерт на ЦИВИЛ – Центар за слобода, Сандра Гавриловска, со која ЦИВИЛ Медиа разговараше откако одделни телевизии со национална концесија, но и веб-портали, објавија голем број видео-снимки од безбедносни камери, снимени за време на земјотресите кои изминатите денови го потресоа Скопје

На снимките, без да се внимава на заштита на приватноста, се објавени граѓанки и граѓани кои во моментот на земјотресот биле затекнати во трговски центар, супер маркет, кафуле...

Sandra Gavrilovska

Сандра Гавриловска, правен експерт

„Видео надзор, вообичаено, се поставува заради заштита на сопственоста или заради контрола над влегувањето и излегувањето од одредени простории, при што, секогаш мора да се почитува правото на приватност  (на купувачи, клиенти, вработени и слично). Според тоа, со објавување на снимки од видео- надзор, во конкретниот случај - снимки од реакција на граѓаните за време на земјотрес, во маркети, трговски центри и слично, се нарушува приватноста на граѓаните“, истакнува Гавриловска.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian