Арсим Јонузи, поет: Слободата значи да немаш страв!

Арсим Јонузи е поет, автор на две книги, збирка поезија и збирка есеи. Досега учествувал на повеќе различни манифестации и поетски конкурси. По неговиот настап на големиот мултимедијален хепенинг, на Караванот на слободата во Куманово, со него зборувавме за слободата и уметноста.

 

ЦИВИЛ Медиа: Што значи за тебе слободата?
ЈОНУЗИ: За мене, најкратко речено, слободата значи да немаш страв, да си тоа што си и да го искажеш тоа што си.

ЦИВИЛ Медиа: Дали уметникот треба нешто да жртвува за слободата?
ЈОНУЗИ: Секако дека - да. Сите, не само уметниците. Но, кога сме веќе кај нив, мислам дека треба да го даваат тоа што го имаат во себе, преку својата форма на изведување, дали преку поезија или сликање, или друго нешто. И, тоа треба да биде во улога на постигнување на слободата во општеството.

ЦИВИЛ Медиа: Дали сметате дека уметниците се доволно општествено активни?
ЈОНУЗИ: Мислам дека - да, не би рекол дека не. Но, дека секогаш треба повеќе - да.

ЦИВИЛ Медиа: Која е твојата порака за Караванот на слободата?
ЈОНУЗИ: Само да продолжите, бидете цврсти и силни. Ве подржуваме.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian