Велешани неуморно протестираат

Граѓанките и граѓаните на Велес продолжуваат неуморно со протести. Вчера, по дваесет и и четврти пат,  тие протестираа во боите на Шарената Револуција. Протестот започна од пред кружниот тек кај Авона. Протестите продолжуваат в петок. 

Според информациите од долгорочниот набљудувач на ЦИВИЛ од овој град, повеќе стотици демонстранти, се движеа низ улиците во Велес и извикуваа „Апаши! Вратете ги парите! Бардовци за Илија! Поддршка за СЈО! Револуција! Затвор за фашистите! Мафија на робија!“. Протестот заврши на плоштадот С'рмаале, каде се повторија барањата на граѓанското движење #Протестирам.

За време на протестот, поддржувачите на Шарената револуција, ги боеја  ликовите на Ѓорѓе Иванов, Никола Груевски, Славчо Чадиев и Илија Димовски.

13384947_10209833399454390_700620660_n

На синоќешниот протест се обратија  Љубомир Новаковиќ, Драган Арсов и Валентин Зафиров од Велес и Дарко Каевски од Скопје. Гости на протестот беа и Белизе бенд, кои имаа свој настап.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian