Солидарност или граѓанска непослушност?

Власта продолжува со притисоците на граѓанските активисти и учесници во продемократските протести во земјава. Покрај големиот број повици од граѓанските организации, притисоците против демонстрантите на кои правото на протест им е уставно загарантирано, 33-те кривични пријави, покажуваат дека власта е глува и за ова барање. И ЦИВИЛ - Центар за слобода повеќе пати, од почетокот на Шарената револуција, упати гласно и недвосмислено барање до власта да престане со полициско-судскиот прогон на активистите за човекови права. 

13350425_980158242102645_5342058355559271750_o

Денешната акција, на Шарената револуција, за собирање парични средства кои ќе се искористат за плаќање на казните на демонстрантите, ја покажува солидарноста која владее помеѓу сите оние кои 56 дена протестираат под шареното знаме на барањата за слобода, демократија и правда. Ваков пример, за солидарност и поддршка, беше и случајот со собирањето на парични средства кои единствениот независен неделник во тоа време, "Фокус", требаше да му ги плати на Сашо Мијалков, за претрпена душевна болка.

13391648_980160522102417_3930731592609128622_o

Овие примери се потврда за солидарноста меѓу оние кои секојдневно, на различни начини, се борат против режимот на владејачката партија.

Шарената револуција, на вчерашниот масовен протест во Скопје, повлече црвена линија, објави две барања, постави ултиматум, и  јасно и одлучно кажа "од денеска ќе не гледаат секој ден, со различни форми на прoтест, посилни и погласни. Протестите ќе се радикализираат со цел исполнување на барањата".

Сепак, се поставува прашањето, дали собирањето пари за неправедните казни, е радикалниот пристап кој го најави Шарената револуција? Активистите со кои контактираше ЦИВИЛ сметаат дека граѓанска непослушност и одбивање да се платат паричните казни, па и нови протести се поссодветен одговор на полициско-судскиот прогон на активистите за човекови права.

Марија Теговска

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian