Уште четири дена за аплицирање за хонорарни позиции во ЦИВИЛ

Остануваат уште четири дена за аплицирање за хонорани позиции во ЦИВИЛ. Сите што сакаат да бидат дел од тимот на ЦИВИЛ и да придонесат за разоткривање на случаите на кршење на човековите права и слободи, злоупотребите на институциите, аномалиите во нашето општество, преку мониторинг на политичкиот порцес во контекст на изборите, медиумите, социјалната правда, граѓанската партиципација, одржливото општество и контролата на оружјето можат да се пријават најдоцна до 15 август.

ЦИВИЛ ги повикува сите заинтересирани да аплицираат за позициите:

  • Еден/една новинар-ка со одлично познавање на македонскиот јазик и еден/една новинар-ка со одлично познавање на албанскиот јазик. Пожелно е, иако не е пресудно, кандидатите да поседуваат вештини за работа со камера и видео монтажа.
  • Проект асистент-ка за комуникација, кореспонденција, архивирање и логистичка поддршка, половина работно време.

Ангажманот е со времетраење од 9 до 12 месеци, со можност за продолжување на договорите во други проекти на ЦИВИЛ.

Исто така, ЦИВИЛ има потреба и од хонорарни соработници/известувачи од цела Македонија.  Секој објавен извештај на соработниците/известувачите на ЦИВИЛ односно ЦИВИЛ Медиа, ќе биде хонориран со 1.000 денари бруто.

ЦИВИЛ предвидува и  обуки за новинарство и мониторинг за кандидатите за хонорарни позиции, како и за своите волонтери, поддржувачи и членови. Во зависност од бројот на пријавените и местото на живеење, ќе бидат одредени градовите и термините во кои ќе се одржат обуките. Патните трошоци за учество на обуките ќе бидат покриени од ЦИВИЛ. Работилниците ќе се одржат во првата половина на септември.

Дополнителни информации за условите за аплицирање може да најдете во повикот „Биди дел од тимот на ЦИВИЛ“ (кликнете на линкот и ве молиме, прочитајте ги внимателно).

ЦИВИЛ ве охрабрува да бидете дел од тимот што нуди простор за слободно, креативно и независно делување во процесот на враќање на демократијата во Македонија.

Print Friendly, PDF & Email