Промоција на новата книга на д-р Наташа Габер - Дамјановска

“Во одбрана на Уставот и цивилизациските вредности” е новата книга на професорката и уставна судијка д-р Наташа Габер - Дамјановска, чија промоција е закажана на 9-ти јуни во 12,00 часот, во хотелот „Холидеј Ин“.

фдјхдфПубликацијата е збирка на дел од издвоените мислења на судски одлуки и решенија на судијката на Уставниот суд д-р Наташа Габер - Дамјановска, кога таа, застапувајќи го Уставот и цивилизациските вредности,  застанала против одлуките на Уставниот суд. Книгата содржи 16 донесени одлуки и решенија на Уставниот суд за одбиени барања, неповедени или запрени постапки за различни прашања и исто толку издвоени мислења, а се однесуваат на прашања како слобода на јавното изразување, право на прекинување бременост, работнички права, слобода на здружување.

Уставната судијка Габер - Дамјановска, не се согласи со своите колеги дека Уставниот суд треба да ја одбие инцијативата на новинарите за случувањата на 24 декември 2012 година во Собранието. Тогаш, новинарите, побараа судот да утврди дека е повреден највисокиот државен акт - со тоа што преставниците на медиумите беа отстранети од собраниската галерија за време на инцидентот.

Следен пример е и одлуката на Уставниот суд за отфрлање на иницијативата со кои се оспорија законските решенија за плаќање на задолжителни придонеси од страна на хонорарците. Тогаш, д-р Габер - Дамјановска, не се согласи со ова решение и сметаше дека хонорарците кои платиле придонеси, треба да добијат обесштетување. Судијката Габер-Дамјановска, преку анализата на Законот за Град Скопје, во издвоено мислење ја коментира одлуката на Уставниот суд, да не поведе постапка за преиспитување на двата о члена од Законот за градење кои ги оспоруваше градоначалникот на Општина Центар – Андреј Жерновски.

Книгата се објавува со поддршка на Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Print Friendly, PDF & Email