ЦИВИЛ објави повик за набљудувачи на референдумот

ЦИВИЛ ги интензивира своите активности за спроведување независен и сеопфатен мониторинг на референдумскиот процес. Организацијата ги повикува сите членови и поддржувачи, како и сите заинтересирани полнолетни граѓанки и граѓани на Република Македонија, да аплицираат за краткорочни или долгорочни набљудувачи.

Сите кандидати се повикани да аплицираат најдоцна до петок, 7 септември, до 20 часот. Кандидат(к)ите ќе добијат одговор до недела, 9 септември, 20 часот, по што веднаш ќе добијат насоки и материјали за работа.

Аплицирањето може да се направи по пат електронски пат, на онлајн формуларот ТУКА или по мејл: [email protected] со испраќање кратка биографија (до една страница) во која ќе се наведат контакти и број на лична карта (не матичен, туку број на лична карта). Задолжителна е назнаката: ЦИВИЛ – мониторинг. Кандидат(к)ите можат да аплицираат на било кој јазик што се говори во Република Македонија.

За сите кандидат(к)и е важно да знаат дека мониторингот на ЦИВИЛ подразбира мобилност и посветеност. Секој набљудувач ќе има обврска да опфати најмалку пет избирачки места во текот на референдумскиот ден.

Долгорочните набљудувачи ќе добијат насоки за работа да започнат со својата работа веќе на 10 септември, завршно со 5 октомври, додека краткорочните набљудувачи ќе бидат задолжени да бидат активни во текот на 48-часовниот молк, на денот на референдумот и денот потоа. Во меѓувреме, набљудувачите што се веќе на теренот, ќе ги интензивираат своите активности.

Предност имаат кандидат(к)ите што пополниле Изјава за поддршка на ЦИВИЛ, односно се согласни со Кодексот на ЦИВИЛ и други програмски определби на организацијата.

Воедно, набљудувачите ќе бидат обврзани да го потпишат и Кодексот на набљудувачите на ЦИВИЛ и да посетат еднодневни обуки што ќе бидат организирани во текот на втората и третата недела на септември.

Кандидатите што нема да бидат селектирани за долгорочно набљудување, ќе имаат можност да бидат во мрежата на краткорочни набљудувачи.


ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО ВО МОНИТОРИНГОТ НА ЦИВИЛ

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: English