РЕФЕРЕНДУМ 2018: Да се биде набљудувач на ЦИВИЛ

Да се биде набљудувач на ЦИВИЛ подразбира објективност, неутралност, одговорност и посветеност. Сите набљудувачи на ЦИВИЛ се мобилни, постојано се во контакт со граѓанките и граѓаните и ги информираат за нивното право на глас. Секој набљудувач има обврска активно да го набљудува теренот, а на денот на гласањето, секој од нив набљудува најмалку пет избирачки места, а за своите активности континуирано го известуваат ЦИВИЛ и никој друг. Тајноста на податоците и на изворите се гарантира со 20-годишна традиција на целосна заштита на изворите и на податоците.

За Референдумот 2018, заинтересираните кандидати се пријавуваат на онлајн формулар. Постои и можноста за испраќање кратка биографија, со контакти и број на лична карта по е-пошта: [email protected]. При аплицирањето, предност имаат кандидат(к)ите кои ја потпишале Изјавата за поддршка на ЦИВИЛ.

Задолженијата на набљудувачот на ЦИВИЛ се спроведуваат во согласност со принципи од кои нема отстапување. Тие се:

Извештаите мора да бидат прецизни и веродостојни. Набљудувачот на ЦИВИЛ има обврска максимално да се придржува кон принципите за непристрасност и неутралност.

Набљудувачот е одговорен за доследно спроведување на работните задачи, да ги извршува навремено, квалитетно и совесно, не смее да биде набљудувач за друга организација, не смее да биде функционер на политичка партија, ниту дел од изборната администрација. Во текот на работата, набљудувачот се придржува и кон Насоките за мониторинг на изборни процеси што ги добива во текот на обуките и во комуникацијата со раководството на организацијата.


ЦИВИЛ го продолжи рокот за аплицирање за набљудувачи

Силна препорака на ЦИВИЛ е да се гласа на Референдумот

Print Friendly, PDF & Email