ЦИВИЛ: Не молчете, пријавете корупција!

ЦИВИЛ ги охрабрува и ги повикува граѓанките и граѓаните да се приклучат во борбата за спречување на корупцијата.

Граѓан(к)ите се клучен фактор во разоткривањето и спречувањето на корупцијата. Благодарение на граѓанското учество во процесите на одлучување, како и во мониторингот на ЦИВИЛ, ние денеска се бележиме значајни промени во законите и општеството.

Токму поради влијанието на граѓанското општество и граѓан(к)ите се зголеми и транспарентноста на државните институции.

Во таа насока, особено откако на сила стапи новиот Закон за спречување на корупцијата и формирањето на новата Антикорупциска комисија, ЦИВИЛ ве охрабрува да ги пријавите сите случаи на корупција на кои сте сведоци, со цел да се избориме против ова зло.

Затоа, вашите информации кои се однесуваат на корупција, злоупотреба на службената должност и притисоци можете да ги пријавите на следниот линк.

Укажувачите се заштитени со закон, она што е важно е информацијата, а не оној кој ја дал истата, затоа постои и можноста да останете анонимни, како што е предвидено со новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Покрај корупција, можете да пријавите и кршење на човековите права и слободи, говор на омраза и лажни вести. Овие пријави се наоѓаат на веб-страницата на ЦИВИЛ посветена на транспарентни и одговорни политички процеси, www.clp.mk.

ЦИВИЛ тим за комуникации

 


Текстот на ова соопштение е дозволен за преземање во целост. Илустрацијата во прилог на текстот не е дозволена за преземање.

Print Friendly, PDF & Email