Ноќен поход на власта

Во познат манир, ноќе, со ефикасност позната само на режими на цврстата рака, ноќва се собраа трите највисоки државни институции да ја спроведат одлуката на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ кој доцна попладнето издиктира: Избори ќе има и тоа на 24 април!Молчаливиот претседател на државата Ѓорѓе Иванов му го врачи мандатот на новиот, привремен премиер Емил Димитриев.Брзопотезно, како автомати, се собраа пратениците и ја прифатија оставката на премиерот Никола Груевски.

Потоа, пратениците на владејачките партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ја изгласаа новата влада.

Сето тоа во отсуство на опозицијата.

За само неколку часа, во ноќта спроти Водици, политичката криза во Република Македонија доби нови, уште посериозни димензии.

Џабир Дерала

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian